Одбојкарите чекаат потврда за контролен меч со Албанија пред стартот на Сребрената лига

128

Македонската одбојкарска репрезентација на Маврово ги продолжува подготовките пред годинешното учество на Европската сребрена лига. Под раководство на новиот селектор Ратко Павличевиќ, нашите одбојкари ја подготвуваат тактиката за премиерните дуели во првата фаза од натпреварувањето кои почнуваат на 25 мај.

Одбојкарската федерација на Македонија прави напори да обезбеди барем еден контролен меч за нашите одбојкари во пресрет на дуелот со Босна и Херцеговина со кој на 25 мај во Скопје ги отвораме дуелите во нашата група.

„Имаме контакт со Албанската федерација, но засега немаме потврден одговор за нивно гостување кај нас. Репрезентацијата до 19 мај ќе биде во Маврово, па планиравме од 17 до 19 мај да одиграме барем еден меч со Албанија. Засега немаме потврда за новно гостување, но останува да видиме и финално следната недела дали има простор за некаков договор“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

ПретходноДимитријевиќ втор поентер кај Валенсија во поразот од Гран Канарија
СледноГвардиола за елиминацијата во ЛШ: Кога дојдов не ми рекоа дека мора да бидеме европски шампиони