Попладнево од 17 часот на програмата се сите шест натпревари од претпоследното 32.коло во тековната сезона. Мега – дербито, меѓу Шкендија и Шкупи се игра под Шара, но супер интересно ќе биде во Струмица,каде А. Пандев го дочекува Работнички.
Па така во случај на триумф на “пандевци“, кои оваа пролет играат во супер форма, тие и дефинитивно ќе стават “печат“ на излезот на Евро- сцената. Струмичани имаат 61 бодови, два повеќе од Шкендија и четири од Македонија ЃП. Значи ако денеска слават со Работнички тогаш струмичани во најлош случај сезоната ќе ја завршат на третата позиција.
Македонија ЃП ја дочекува Струга ТЛ,сака победа, но и се надева дека Шкупи нема да загуби од Шкендија, па така да си ги задржи шансите за пласман во Европа низ првенството. Секако дека нема се да биде готово ако и Шкендија победи, но ако новиот шампион триумфира во Тетово, а Македонија ЃП ја победи Струга ТЛ тогаш и тоа како ќе има радости во Ѓорче.
Во Штип се среќават старите ривали Брегалница и Тиквеш, ова ќе биде дерби за престиж. Во Тетово, на теренот на АМС играат екипите на Ренова и Скопје, а во Битола силите ќе ги одмерат “второлигашите“Пелистер и Борец.
ДВОЈКИ ЗА 32.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
РЕНОВА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ
ТАБЕЛА
Шкупи 72, А.Пандев 61, Шкендија 59, Македонија ЃП 57,Струга ТЛ 43, Ренова 42, Брегалница 42, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 11 бодови.