Со оглед на очајно одиграната сезона, пред се на резултатски план, и неиграњето следната сезона на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите, менаџментот на клубот, одлучил платите на играчите да бидат намалени за 25%.
Овој потег воопшто не е изненадувачки, напротив беше очекуван, а е и економски логичен, затоа што со самото неиграње на клубот во Лигата на Шампионите, приходите автоматски се драстично намалени.
Кулминацијата на очајните случувања на Олд Трафорд беше вчерашниот пораз од 4:0 на гости кај Брајтон. Што треба да му се случува на клуб како Јунајтед, да загуби од просечна премиерлигашка екипа како Брајтон, сите се прашуваат, а дел од договорот ќе го најдете во пост меч изјавата на Бруно Фернандеш.
„Јас денеска не заслужив да го носам дресот на Манчестер Јунајтед“ – рече Португалецот.
Bruno has shared his thoughts on Saturday's defeat.#MUFC | #BHAMUN
— Manchester United (@ManUtd) May 8, 2022