Тонали го држи Милан на врвот, титулата се поблиску до „Сан Сиро“ (видео)

160

Со два гола на Сандро Тонали екипата на Милан славеше на гостувањето кај Верона со 3:1 и се врати на чело на табелата во Серија А. Тонали постигна гол во 16. минута за водство на Милан, меѓутоа ВАР им го поништи. Потоа Верона дојде во предност со голот на Фараони. Сепак, Милан дојде до 1:1 со голот на Тонали, овојпат регуларен па со реми се отиде на пауза.
Во 50. минута Тонали одново стрела и носи предност за Милан. Во финишот на мечот Флоренци со гол донесе мирни последни минути во Верона за „црвено-црните“.
„Росонерите“ се први со 80 бода, два повеќе од второпласираниот Интер. Милан до крајот на сезоната играат со Аталанта и со Сасуоло.

ПретходноАдеми и Ристовски славеа во дербито, на чекор се до титулата
СледноАтлетико го совлада комбинираниот тим на Реал