Фановите на Шкупи блокирани на патарина кон Тетово, Седлоски ги смирува! (ВИДЕО)

10763

Се чини дека ништо од спектаклот, кој беше најавен, во Тетово. Имено фановите на Шкупи, популарните „Шверцери“ по се изгледа дека нема да присуствуваат на стадионот под Шара и да ги бодрат своите миленици на мечот со Шкендија, кој започнува во 17 часот.

Имено на барање на тетовскиот клуб, фановите на Шкупи се блокирани на патарина кон Тетово, па мораше тренерот Гоце Седлоски да излезе од автобусот и да ги смирува револираните фанови од Чаир. Се со цел ситуацијата да не излезе од контрола.

 

ПретходноГвардиола за елиминацијата во ЛШ: Кога дојдов не ми рекоа дека мора да бидеме европски шампиони
СледноИџе триумфираше на првата трка од ЕХЦ шампионатот во Португалија