Кристијано Роналдо постигна 24 гола во 39 меча за Манчестер Јунајтед оваа сезона, но неговиот тим остана далеку од битката за трофеј, на крајот нема да освои ниту еден трофеј. Веќе некое време главна тема е Португалецот и неговите планови за следната сезона, едни сметаат дека по втор пат ќе замина од „Олд Трафорд“.
Роналдо одговорот на ова прашање го бара во разговорите со легендарниот менаџер на клубот, Алекс Фергусон.
Тој одигра клучна улога во кам-бекот во дресот на Јунајтед, а сега ќе се обиде да го задржи и покрај големото разочарување. Англиските медиуми тврдат дека двајцата редовно се гледаат во своите домови и ја анализираат лошата сезона.
Фергусон смета дека 37-годишниот напаѓач треба и следната сезона да го носи дресот на Јунајтед и да се види дека не погрешил со одлуката да го напушти Јувентус и да ја одбие понудата од Сити. Португалецот има договор до следната сезона, а клубот може да го продолжи истиот на уште година дена.