Викендов во Англија се случија неколку чудни резултати кои го привлекоа вниманието на љубителите на фудаблот. Случајот со Бристол Роверс е интересен затоа што на членот на четвртиот ранг (Лига 2) му беше потребна победа од седум голови разлика против Сканторп за да се пласира во Третата лига (Лига 1).
А успеаа во тоа, победија со 7:0 поради што се пласираа во повисок ранг благодарение на подобрата гол-разлика, а „извиси“ Нортемптон.
🚦Aaron Collins is going up… the traffic lights 🫢#BristolRovers pic.twitter.com/vp2Pgi39SJ
— (P) Bristol Rovers (@Official_BRFC) May 7, 2022
А во пониските лиги исто така имаше луди резултати и еден беше посебно интересен. На Дарлингтон Таун му требаше победа од 11 голови разлика во последното коло против Енфилд Плаин во Версајт лигата. А Дарлингтон Таун стигна до победа од 19:0 и така ја освои титулата поради подобрата гол разлика во однос на второпласираниот Честер Стрит Јунајтед.
Тимот од Дарлингтон избори промоција во деветтиот ранг поради што се прејде кон големо славје.