Јувентус започна преговори со Пол Погба за враќање на играчот од средниот ред во Торино ова лето. 29-годишниот фудбалер сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед откако реши да не потпише нов договор со англискиот клуб.
Италијаските медиуми открија дека Винченцо Раиола, братучед на починатиот суперагент Мино, е човекот кој сега го застапува Погба, и тој веќе се сретнал со преставниците на Јувентус оваа недела. Јуве подготвени го дочекале во канцелариите на клубот и веднаш му ја соопштиле нивната прва, а се чини и единствена понуда за Погба.
„Старата дама“ на играчот од средниот ред му нуди 220.000 евра неделно со бонуси. Ова е истата понуда која првично била упатена до Пауло Дибала пред Аргентинецот да ја одбие.