Примањата во Јунајтед намалени за 25%

245

Со оглед на очајно одиграната сезона, пред се на резултатски план, и неиграњето следната сезона на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите, менаџментот на клубот, одлучил платите на играчите да  бидат намалени за 25%.

Овој потег воопшто не е изненадувачки, напротив беше очекуван, а е и економски логичен, затоа што со самото неиграње на клубот во Лигата на Шампионите, приходите автоматски се драстично намалени.

Кулминацијата на очајните случувања на Олд Трафорд беше вчерашниот пораз од 4:0 на гости кај Брајтон. Што треба да му се случува на клуб како Јунајтед, да загуби од просечна премиерлигашка екипа како Брајтон, сите се прашуваат, а дел од договорот ќе го најдете во пост меч изјавата на Бруно Фернандеш.

„Јас денеска не заслужив да го носам дресот на Манчестер Јунајтед“ – рече Португалецот.

ПретходноМега-спектакл во Тетово: Шкендија VS Шкупи, Артим против Седло, “Балисти“ и “Шверцери“…
СледноПМФЛ: “Пандевци“ ставаат „печат“ на Европа, Ѓорче сега се надева на “помош“ од Чаир, Тиквеш гостува под Исарот…