Сити го растури Њукасл, пет гола и неверојатна доминација!

156

Манчестер Сити со 5:0 го совлада Њукасл и се врати на чело на табелата во Премиер лигата пред Ливерпул и е во супер позиција за титулата во Англија. По киксот на Ливерпул, денеска „граѓаните“ кои се бранители на тронот не дозволија изненадување на домашен терен. Го растурија Њукасл, не само што му дадоа пет гола туку го надиграа и го понижија.
Интересен статистички податок во еден момент во второто полувреме. Посед на топка за Сити 99%, а само 1% за Њукасл. Неверојатни бројки на прецизни додавања. Удари на гол 21 за Сити од кои 9 во рамки на гол. Њукасл имаше само 7 шутеви од кои само три во рамки на гол. На крајот севкупно посед на топка 71% во корист на Сити, а 29 за „црно-белите“.
Инаку головите ги постигнаа Стерлинг и Лапорт во првиот дел, а Родри, Фоден и Стерлинг во вториот дел.

ПретходноВажни бодови за Пешевски и Штутгарт, Кузмановски поштеден
СледноАлкараз го освои Мадрид, негов четврти трофеј оваа сезона!