Трансферот на Мбапе во Реал ќе пропадне само поради имиџ-правата?

530

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, сериозно размислува за продолжување на договорот со клубот од француската престолнина, затоа што е целосно задоволен од францускиот првак. Тоа е уште една причина плус да се остварат најавите на францускиот печат дека тој и неговите родители веќе му кажале „ДА“ на газдата на ПСЖ, Ал-Келаифи.

Четвртата понуда на Реал Мадрид која дошла до 23-годишниот напаѓач вклучувала клаузула дека шпанскиот клуб ќе преземе 50% од имиџ-правата на Мбапе, што наводно ги збунила агентите на напаѓачот. Последната понуда на Реал била со бонус за потпишување од 180 милиони евра, но и помала нето-плата од онаа која му ја нуди ПСЖ, само 40 милиони евра.

Прашањето за имиџ-прават кои Реал сака половина да си ги присвои се причина поради која Мбапе може да се реши за останување во Париз.

ПретходноШампионите пристигна дома, навивачите им приредија спектакл (видео)
СледноРистовски со пехарот од Купот на Словачка