Се чини дека ништо од спектаклот, кој беше најавен, во Тетово. Имено фановите на Шкупи, популарните „Шверцери“ по се изгледа дека нема да присуствуваат на стадионот под Шара и да ги бодрат своите миленици на мечот со Шкендија, кој започнува во 17 часот.
Имено на барање на тетовскиот клуб, фановите на Шкупи се блокирани на патарина кон Тетово, па мораше тренерот Гоце Седлоски да излезе од автобусот и да ги смирува револираните фанови од Чаир. Се со цел ситуацијата да не излезе од контрола.