КОМЕНТАР НА 32.КОЛО: Срам за Шкендија… зарем требаше некој да загине вчера под Шара!?

1614

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Место мега – спектакл видовме тепачки, фрлање со камења по гостите и судиите, а дел од нив завршија во главите на Илјази и Петрески. Место пречек пред стадионот видовме фрлање со бакљи кон гостите од Чаир при излегувањето од клупскиот автобус на експедицијата на Шкупи.

Секако дека и порано имало вакви сцени, посебно кога играле Вардар и Пелистер, во изминатите 30 години на самостојна Македонија во фудбалски поглед, но она што беше вчера во Тетово, пред и за време на натпреварот Шкендија – Шкупи, беше навистина очај и беда.

Срам за сите, за посебно срам за Шкендија. Па нели таа Шкендија е „европска Шкендија“ како што милуваат да кажат од раководството на тетовскиот клуб? Па нели Шкендија е нешто сосема друго во однос на Шкупи?

Што се сакаше вчера да се покаже? Сила, моќ или тоа беше само очаен обид да се „врати мило за драго“ за тоа што ете беше на Чаир пред неколку месеци. За тоа Шкупи си беше казнет од страна на ФФМ, но ако си голем, тоа не треба да ти биде причина ти да покажеш колку со посилен. И да вратиш со повеќекратна мерка.

Од каде ли толкав анимозитет меѓу Шкендија и Шкупи, тоа е прашањето. Навистина чудно. Вчера фудбалска Македонија беше ужасната од срамните сцени што се случуваа под Шара. Зарем толку ја “боли“ Шкендија што не е првак? Па самата си е виновна…

Кој сака да каже, но Шкупи оваа сезона и тоа како ја заслужи титулата, а тетовци покажаа дека не знаат како да “работат“, и дефинитивно. За кусо време ги „изгубија“ Бесарт и Агим, Арменд Алими, па Енур Тотре, да не говориме за младите како Зејнулаи.

Замислете вчера место Артим да беше Бруно. Замислете вчера да беа “Шверцерите“ на трибините, а мечот да решаваше за титулата. Можете да замислете…што ли ќе беше.

Ова и дефинитивно е срам за Шкендија…

Зарем требаше некој да загине вчера во Тетово?

Резултатот беше во втор план, да, беше, 0:0 на крај.

Кога сме кај резултатите од ова 32.претпоследно коло во ПМФЛ, Струга ТЛ си ја “смачка“ Македонија ЃП среде Ѓорче, А. Пандев покажа како треба ако сакаш во Европа, Пелистер го доби “второлигашкото дерби“, додека Ренова одигра уште еден добар меч.

Да, победи и Брегалница…

И се ова беше во втор план…поради ужасот во Тетово.

За крај едно прашање до Шкендија…

Зошто вчера немаше „шпалир“ за шампионот?

ПретходноСтрашно: Во Флорида убиен познат кошаркар!
СледноМакедонија на 42.место во светот по ИЗВОЗ на фудбалери!