После се она што се случуваше вчера во Тетово, на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, одлучивме за фото на колото да ја одбереме фотографијата направена пред мечот каде Артим Шаќири и Гоце Седлоски, стратезите на двата тима, си посакуваат среќа. Нормален спортски поздрав и фер – плеј однос, како што доликува на две наши големи фудбалски легенди, некогаш капитени на нашата А- репрезентација и соиграчи.
Јасно е дека на нив вчера им беше најтешко. Спасуваа што може да се спаси, но ете ситуацијата сепак излезе од контрола. Секако не по нивна вина, од она што можеше да се забележи на вчерашното дерби под Шара.