Завршен е трансферот на Халанд, се огласија и од Борусија Дортмунд

714

Каде ќе ја продолжија својата кариера Ерлинг Халанд ќе биде познато многу брзо. Барем вака тврдат челниците на Борусија Дортмунд, кои повеќе не сакаат да чекаат и да се занимаваат со шпекулации.

Директорот на „милионерите“, Себастијан Кел најави дека во следните денови норвешкиот напаѓач ќе ја донесе својата конечна одлука, најверојатно тоа нема да биде „жолтиот“ дрес. Манчестер Сити е најсериозниот кандидат, долго време се пишува дека Пеп Гвардиола и раководството на премиер-лигашот се подготвени да му ги исполнат сите желби.

„Олекувам се да стане јасно во текот на оваа недела. Нема да ме изненади доколку го напушти тимот“, изјави Кел.

Клаузулата на Халанд е 75 милиони евра доколку си замине ова лето, тука се и дополнителните менаџерски провизии и бонуси. Овој договор беше направен од страна на менаџерот, Мино Раиола кој неодамна почина.

Додека се чека одлуката на Халанд, Борусија веќе работи на неговата земена и доаѓањето на Карим Адејеми од Салцбург.

„Очекувам напредок во преговорите со Карим оваа недела“, крајот рече Кел.

ПретходноУЕФА развоен турнир за фудбалери до 16 години: Македонија минимално поразена од Хондурас
СледноПанчевски и Стојковска од Алкалоид се нови државни шампиони во шах