Како што јавува ексклузивно добро информиранот НБА новинар Адриан Воинаровски, интернационалецот од Србија, и член на тимот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и годинава, како и лани е освојувач на МВП титулата за најкорисен играч во НБА лигата.
Јокиќ кој минатата сезона беше прогласен за најдобар, и годинава очигледно ја одржа таа неприкосновена форма, па со поголемиот број на гласовите беше избран за број еден во моментов во најсилното кошаркарско друштво на планетава.
Јокиќ сезонава има просек од 27.1 поен, 13.8 скокови и 7.9 асистенции по меч.