САД уште еднаш покажаа зошто е во центар на светот кога е во прашање шоу-бизнисот, никогаш немало толку многу познати личности на една трка во Формула 1.
Сепак, една фотографија ја одбележа оваа трка, но и светот на спортот. Истата ја објави Дејвид Бекам на својот „Инстаграм“ профил. Тој ја следеше трката во Мајами со своите синови.
Но беше само еден од познатите спортисти вчера во Мајами. Пред почетокот на трката, пред гаражата на Мерцедес се собра вистинска елита на еден од најдобрите спортисти на сите времиња.
На фотографијата покрај Бекам позираа Мајкл Џордан, Том Брејди и Луис Хамилтон, а Бекс истото го објави со едноставна порака: „Не е потребен опис“.
View this post on Instagram