Манчестер Сити е пред освојување на титулата во Премиер-лигата. На три кола пред крајот на оваа сезона, „граѓаните“ имаат три бода повеќе од Ливерпул, а Пеп Гвардиола пред самиот крај е лут бидејќи тимот од „Енфилд“ има поголема поддршка од Сити во битката за титулата.
Одлучи тоа да го каже пред камерите тврдејќи дека не го загрижува тоа.
„Сите во оваа држава го поддржуваат Ливерпул. Новинарите, медиумите…сите. Најверојатно е поради тоа што Ливерпул има неверојатна историја во европските натпреварувања. Во Премиер-лигата немаат, освоија само една титула во 30 години.
🗣️ “Everyone in this country supports Liverpool, the media and everyone… Our destiny is in our hands, this is important.”
👀 Pep Guardiola’s response to @ManCity‘s emphatic 5-0 win over Newcastle.
🎤 @CarrieBrownTV #beINPL #MCINEW #MCFC pic.twitter.com/w6nHihdzR0
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) May 8, 2022