И дефинитивно Манчестер Сити доведе супер засилување, а тоа е Ерлинг Халанд. Како што пренесува познатиот Фабрицио Романо, попладнево во Брисел фудбалерот од Норвешка ги минал лекарските прегледи и со Манчестер Сити си рекле “ДА“ за петгодишен договор а со кој ќе заработува 435.000 евра неделно. Сити ќе ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра која беше барана од Борусија Дортмунд.
Интересно е тоа што и неговиот татко пред неколку децении го носеше дресот на “граѓаните“.
Ова значи дека и дефинитивно нема тандем Мбапе – Халанд во Реал Мадрид како што се најавуваше, а тоа значи дека Сити и Пеп го добиваат еден од двајцата најбарани фудбалери во светот на фудбалот во овој момент.