Дончиќ и кога промашува Далас победува, „Брадата“ го урна Мајами (ВИДЕО)

181

Кошаркарите на Далас Маверикс го совладаа Феникс со 111-101, додека пак Филаделфија беше подобра од Мајами со 116-108 во полуфиналето на плеј-офот, двата тима изедначија на 2-2 во серијата.

Маверикс и покрај лошата реализација на Лука Дончиќ успеа да го добие овој натпревар, Словенецот имаше 1/10 за три поени, но статистички беше лидер во својот тим, постигна дабл-дабл од 26 поени и 11 асистенции, додаде уште седум скока. Дончиќ се мачеше со одбраната на противникот ја реализираше секоја трета топка.

Дориан Фини-Смит немаше такви проблеми, па ги мачеше Санс со осум тројки и 24 поени, а со осум фатени топки беше и најдобар скокач на својот тим. Кај Санс, Девин Букер беше далеку подобар од останатите, со 35 поени беше најдобар стрелец на натпреварот. Тој имаше и седум асистенции.

Џејмс Харден го повлече својот тим кој изедначување во серијата, во последната четвртина постигна 16 од вкупните 21 поен за Филаделфија. На својот одличен скор додаде седум скока и девет асистенции. Ембид имаше 24 поени и 11 скока. Филаделфија на овој меч имаше шестмина играчи со двоцифрен број на поени. На другата страна Батлер запиша 40 поени, кои не беа доволни за победа.

ПретходноОд кризата Челзи профитираше само еден човек – Томас Тухел
СледноГвардиола не може да го поднесе Ливерпул: Сите навиваат за нив, но мене не ми е гајле!