Златан Ибрахимовиќ им одржал говор на соиграчите во соблекувалната и ги инспирирал момците да дојдат до победа против Верона, откри тренерот Стефано Пиоли.
„Им кажа нешто прекрасно: Сакате ли да биде запаметени? Имаме три натпревари“, Пиоли го цитираше Ибрахимовиќ, кој според него е главната причина поради која Милан го доби дуелот со Верона(1-3) по пресврт и да дојде до трите бода.
На оваа средба фудбалерите на Милан направија нов чекор кон освојување на титулата во Италија, прва после 2011 година.
„Росонерите“ се лидери на две кола пред крајот, имаат 80 бода два повеќе од Интер, кој се наоѓа на второто место. За остварување на целта им се потребни четири бода од дуелите меѓу Аталанта и Сасуоло.