Јувентус нема да го отпушти Масимилијано Алегри од функцијата тренер, без разлика што ќе се случува до крајот на сезоната.
Торинскиот клуб оваа сезона ги загуби шансите да го освои италијанското првенство, а во Лигата на шампионите беше елиминиран уште во 1/8 финалната фаза, по поразот од Виљареал.
На 11 мај Јуве ќе игра против Интер во финалето на Купот на Италија, но иднината на Алегри не зависи од резултатот на овој натпревар. Како што тврдат од клубот, без разлика на се, Алегри останува на клупата на „Старата Дама“ и следната сезона.
Договорот на тренерот со „бјанконерите“ е до 2025 година.