Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул ја прокоментира изјавата на Пеп Гвардиола кој рече дека „целата држава, вклучувајќи ги и медиумите навиваат за Ливерпул“. До крајот на Премиер лигата останаа три кола, а Манчестер Сити е лидер со три бода повеќе од Ливерпул.
„Немам поим дали цела држава навива за нас. Ми се чини дека не е така. Можеби тој знае повеќе од мене. Очигледно тешко го поднесе испаѓањето од Лигата на шампионите“, порача Клоп.
Сити до крајот на сезоната ќе игра со Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила. Ливерпул ќе игра со Астон Вила, Саутемптон и Вулверхемптон, а освен тоа ќе игра финале против Реал Мадрид и финале на ФА купот против Челзи.