Кузмановски во ТОП форма, уште еднаш во тимот на колото на Бундеслигата

114

Македонскиот ракометен интернационалец и репрезентативец, Никола Кузмановски по втор пат во само три кола се најде во тимот на колото во Бундеслигата, благодарение на одличниот настап за својот тим Магдебург на гостувањето кај Мелсунген (22-29).

На тој меч Кузмановски постигна шест погодоци, а додаде исто толку асистенции кон своите соиграчи.

Претходно Кузмановски беше дел од најдобрите поради одличната партија против Фуксе Берлин пред две кола.

 

ПретходноМитровски и Димоски добиваат повик за А репрезентацијата
СледноПочина некогашниот играч на Ајакс