Македонија на 42.место во светот по ИЗВОЗ на фудбалери!

230

Како што објави фудбалскиот институт – ЦИЕС, во моментов има 92 фудбалери кои си заминале од Македонија и играат во клубови ширум светот. Оваа бројка од година во година се зголемува, па така Македонија во моментов се наоѓа на 42.место во светот по извоз на фудбалери.

Се разбира дека Бразил е на прво место со 1219 играчи, потоа следуваат Франција со 978, Аргентина со 815, Англија 525, Германија 441.

Од оние од поблиското опкружување, Хрватска има 400 играчи, Србија 379, БиХ 180, Грција 115, Словенија 113, Црна Гора 93 и е едно место погоре од Македонија.

ПретходноКОМЕНТАР НА 32.КОЛО: Срам за Шкендија… зарем требаше некој да загине вчера под Шара!?
СледноУЕФА спрема невиден спектакл за финалето во ЛШ во Париз! (ВИДЕО)