Пред неколку денови „Спортмедиа“ ја пренесе веста од Србија дека познат спортист донирал 500.000 евра за лекување на малиот Вукан Стоиљковиќ, детето кое боледува од спинална мускулна артрофија. За да малиот Вукан заздрави потребни се 950.000 евра, а тој спортист, кој според мајката на Вукан сакал да остане анонимен, уплатил половина од таа сума.
Сепак, и покрај неговата желба да не се знае неговото име, конечно се дознава дека станува збор за Никола Миротиќ, Црногорската кошаркарска легенда, инаку член на Барселона.
Во изминатите денови на Балканот се шпекулираше дека Новак Ѓоковиќ бил тој што ги донирал тие 500.000 евра, но сепак не е тој, за жал на многумина негови фанови кои беа убедени дека е тој.