Македонската фудбалска репрезентација во јуни има сериозна задача да одигра четири меча во радиус од десет дена. Најпрво на 2. гостуваме кај Бугарија, следува дуелот против Гибралтар на 5 јуни, за да ги нагостиме потоа Грузија на 9. односно Гибралтар на 12.
Мечеви во серија кои ги играме против ривали кои пак реално треба, мора да ги добиеме и за таа задача, селекторот Благоја Милевски ќе се одлучи да повика неколку репрезентативци повеќе од вообичаеното.
Од оние кои би требало да се новитети, Спортмедиа дознава дека на списокот најверојатно ќе се најдат првотимците на Академија Пандев, Бојан Димоски односно Димитар Митровски.
И обајцата се со богато репрезентативно искуство, особено Митровски, кој соевремено беше капитен на У17, У19 и У21 генерациите за кои настапуваше. Од друга страна пак, Димоски добиваше шанса во последниот квалификациски циклус кај селекторот Канатларовски, постигна и гол проти Србија на гости.
Селекторот Благоја Милевски приуствуваше во Струмица на вчерашниот дуел на Академија Пандев против Работнички, за да се увери во живо во формата на потенцијалните репрезентативци.