Младинките на Наковски Волеј се нови државни шампионки

209

Младите одбојкарки на Наковски Волеј со голем пресврт стигнаа до титулата државни шампиони во младинска конкуренција. Во финалниот меч на завршниот турнир одржан во Битола, струмичкиот тим славеше со 3:2 против домаќинот на турнирот, Пелистер Волеј.

Битолчанки водеа со 2:1 и беа на чекор до испишување историја за својот клуб, но гостинските успеаја да ги добијат следните два сета и на крајот да го кренат шампионскиот пехар во своите раце.

Во битката за третото место, екипата на Јанта Волеј КВ славеше над Бами Кор од Тетово.

Во полуфиналето, Наковски Волеј беше подобар од Бами Кор, додека Пелистер го совлада тимот на Јанта Волеј КВ.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА четири години со обучени специјалисти ја спроведува програмата за одговорно играње на игри за среќа
СледноПеп има проблем: Сити остана без стопери до крајот на сезоната