Одбојкарите во октомври ќе ги дознаат противниците за ЕП 2023

110

Сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија во октомври ќе ги дознае ривалите во групата на следното Европско првенство 2023 година, чиј коорганизатор ќе биде и нашата земја. На последниот технички состанок на четирите домаќини на првенството одржан во Луксембург, едногласно е одлучено Италија да биде домаќин на ждрепката за групиите.

Италија, покрај тоа што е домаќин на машкото, исто така е еден од коорганизаторите и на женското европско првенство следната година. Од таа причина, и двете ждрепки ќе се одржат во Италија во ист ден. Засега точниот датум и местото на оддржување не се одредени, но тоа Италијанците ќе го направат во скоро време.

Македонија во Скопје ќе биде домаќин на една од четирите групи на ЕП 2023 година. Во таа група ќе биде нашата одбојкарска репрезентација и уште пет други селекции кои ќе ги добиеме на ждрепката во октомври. Натпреварите на ЕП 2023 во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноДресовите за ЕП донирани на третолигашки клубови! (ФОТО)
СледноФудбалската магија станува реалност: Oригиналниот FIFA World Cup™ трофеј пристигнува во Скопје!