Холандските медиуми јавуваат дека некогашниот играч на Ајакс, Џоки Лукоки, а потоа и на Цволе, Лудогорец, Малатија, и последно Твенте, синоќа починал.
Некогашниот репрезентативец во младински категории на Холандија, а во сениорска конкуренција на Заир, имаше 29. години, а за последниот негов клуб Твенте воопшто не заигра затоа што му беше суспендиран веќе потпишаниот договор. Причина за тоа беа обвинувањата кон него за семејно насилство односно наводниот физички напад кон неговата девојка.