Роналдо на соиграчите им ја соопштил одлуката за неговата иднина во Манчестер Ј.

517

Кристијано Роналдо им соопшти на соиграчите во Манчестер Јунајтед дека ќе остане во клубот и следната сезона. Единствен услов за тоа е новиот постојан менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг да сака да соработува со него.

37-годишниот Португалец има договор со клубот на уште една година, но откако Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, се шпекулираше дека Роналдо ќе бара друга опција за следната сезона.

Сепак, според „Сан“, кој се повикува на извор близок до клубот, ЦР7 не сака да замине во толку тешко време за Јунајтед и сака да му помогне на тимот да се врати во Лигата на шампионите, надевајќи се дека следната сезона ќе освои трофеј. Сепак, доколку Тен Хаг одлучи дека Роналдо не е потребен во новиот тим, Португалецот ќе си замине.

ПретходноМарка: Мбапе е во Мадрид, дали е се готово со Реал!?
СледноСтрашно: Во Флорида убиен познат кошаркар!