Светскиот првак на 100 метри се врати по допинг-супензијата и веднаш победи

243

Актуелниот светски шампион на 100 метри, Американецот Кристијан Колман (26), победи на атлетскиот митинг во Токио во неговиот прв настап по 18-месечната суспензија поради прекршување на анти-допинг правилата.

Колман истрча 10.09 на Националниот стадион во Токио на неговите први официјални 100 метри оваа сезона, освојувајќи го првото место пред Јапонецот Јуки Коика со 10.22 секунди и Австралијанецот Рохан Браунинг кој беше трет со 10.23 секунди.

Американската спринтерска ѕвезда се врати во атлетиката во јануари по истекот на 18-месечната суспензија поради кршење на антидопинг правилата. Колман не падна на допинг тест, но не бил на наведената локација трипати во 12 месеци за да даде примерок, што се смета за прекршување на антидопинг правилата.

Американскиот спринтер победи на 100 метри на Светското првенство во Доха 2019 година со време од 9,76 секунди и важеше за најголем фаворит за златниот олимписки медал на ЛОИ во Токио, каде поради суспензијата немаше право на настап.

ПретходноНојер наскоро потпишува до 2024 година
СледноМарка: Мбапе е во Мадрид, дали е се готово со Реал!?