Страшни сцени: Жижиќ се урна на терен, лекарите морале да го успијат, се огласи и Макаби (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

3927

Уште една страшна сцена видовме во светот на спортот. Хрватскиот кошаркари Анте Жижиќ на дуелот меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Хаифа целосно се сруши на теренот. По еден ненамерен удар од соиграчот, падна на паркетот и силно ја удри главата. Тој го проголта јазикот, а кошаркарите кои беа на теренот веднаш повикаа доктор.

Хрватските медиуми пишуваат дека лекарите морале да му дадат анастезија за да биде пренесен во болница без да чувствува болка.

„Жижиќ го проголтал јазикот и останал без воздух, што предизвика шок во салата и десетминутен прекин додека му се укажуваше помош“, пишува „Јутарњи лист“.

Откако беше однесен во болница се огласи и Макаби.

„Анте Жижиќ е свесен и разговара со лекарите. Снимката на главата е добра. Ќе остане во болница до утре“, се вели во известувањето на Макаби.

ПретходноКлоп му возврати на Пеп за коментарите: Очигледно тешко го поднесе испаѓањето од ЛШ
СледноАнте Жижиќ имал само едно прашање откако си дошол на себе во болница