Струга ТЛ вчера и врати мило за драго на Македонија ЃП за елиминацијата во полуфиналето во Купот. Имено со победата од 1:3 на стружани тие ги одалечија “лавовите“ од Европа. Тимот од Ѓорче ги загуби сите шанси за излез во Европа преку пренството, и сега ќе мора по секоја цена да слави победа над Силекс во финалето на Купот на Македонија.
А најзаслужен за таа победа на Струга ТЛ е Немања Босанчиќ, кој не само што одигра феноменално, туку успеа да даде и два гола. Покрај него во тимот на ова 32.коло се и Шабани и Илиески.
Покрај нив во идеалниот тим на колото се Илјази и Сенгор од Шкупи, Димоски, Маронг и Велиновски од А. Пандев, Борха од Ренова, Љамчевски од Пелистер и Ѓокиќ од Брегалница.
ИГРАЧ НА КОЛО
НЕМАЊА БОСАНЧИЌ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 01.03.1995 во Приштина
Кариера: Инџија, Борац Чачак, Беране, Колубара, Струга ТЛ