Роберт Певец (38), инаку поранешен фудбалски репрезентативец на Словенија ја убил сопругата Сабина. Оваа страшна вест денеска го запрепасти целиот регион. Имено Певец, како што известуваат медиумите во Словенија, брутално ја претепал жртвата, и тоа пред нивните деца. Откако била пренесена во болница таа таму починала како последица на повредите.
Ужасна трагедија во семејството Певец. Полицијата веднаш го привела некогашниот фудбалер и против него е покрената истрага.
Инаку тој и сега веќе почината негова сопруга биле во брак од 2019 година и имале две деца.