ФИФА одлучи: Одложениот меч меѓу Бразил и Аргентина ќе се преигра

84

Натпреварот од квалификациите за Мундијалот 2022 помеѓу Бразил и Аргентина кој во септември беше прекинат поради прекршени ковид-протоколи ќе се преигра. Иако нема никакво значение ФИФА донесе чудна одлука, а тоа е дека двете репрезентации, сепак, ќе мора да го одиграат мечот во септември. Како потсетување тогаш доктори ги бркаа Аргентинците поради прекршување на протоколите, па дуелот не беше довршен.

„ Комитетот на жалби при ФИФА потврди дека натпреварот ќе биде преигран. Покрај тоа, донесена е одлука за казна од 50.000 евра за двете асоцијации за оваа ситуација“, стои во соопштението.

ПретходноМиротиќ е спортистот кој што донирал 500.000 евра за болното детенце во Србија!
СледноФиорентина ја совлада Рома и фати позиција за Европа (видео)