Барса ќе привлече и трет дефанзивец на Челзи

238

Бекот на Челзи Маркос Алонсо најверојатно ќе ги смени клупските бои летото со тоа што ќе премине во Барселона. 31-годишниот лев бек е на списокот на трансферни цели на „каталонците“ и чекаат да видат кои чекори ќе ги преземе новиот сопственик на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Истовремено Барса работи и на трансферите на уште двајца играчи на Челзи, централниот бек Андреас Кристенсен и на капитенот Сесар Аспиликуета.

Маркос Алонсо има желба да се врати во Шпанија, а и тоа е уште еден силен адут на Барса да загризе посериозно за него. Алонсо е екс-играч на Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина и Сандерленд, а за Шпанија има седум настапи.

И крилото на Лидс Јунајтед Рафиња е опција за Барселона. Бразилецот сака да биде продаден. ПСЖ исто така се интересира за него.

ПретходноИм требало победа со 20 гола разлика, а тие победиле со 22:1, па се најдоа под истрага!
СледноAдејеми е замената за Халанд – Дортмунд го купува за 38 милиони евра