Кошаркарите на Далас Маверикс го совладаа Феникс со 111-101, додека пак Филаделфија беше подобра од Мајами со 116-108 во полуфиналето на плеј-офот, двата тима изедначија на 2-2 во серијата.
Маверикс и покрај лошата реализација на Лука Дончиќ успеа да го добие овој натпревар, Словенецот имаше 1/10 за три поени, но статистички беше лидер во својот тим, постигна дабл-дабл од 26 поени и 11 асистенции, додаде уште седум скока. Дончиќ се мачеше со одбраната на противникот ја реализираше секоја трета топка.
Дориан Фини-Смит немаше такви проблеми, па ги мачеше Санс со осум тројки и 24 поени, а со осум фатени топки беше и најдобар скокач на својот тим. Кај Санс, Девин Букер беше далеку подобар од останатите, со 35 поени беше најдобар стрелец на натпреварот. Тој имаше и седум асистенции.
Џејмс Харден го повлече својот тим кој изедначување во серијата, во последната четвртина постигна 16 од вкупните 21 поен за Филаделфија. На својот одличен скор додаде седум скока и девет асистенции. Ембид имаше 24 поени и 11 скока. Филаделфија на овој меч имаше шестмина играчи со двоцифрен број на поени. На другата страна Батлер запиша 40 поени, кои не беа доволни за победа.