Шпанска Марка предмалку ексклузивно објави дека Килиан Мбапе во моментов се наоѓа во Мадрид и дека тој се наоѓа во Шпанија на завршни преговори со Реал Мадрид.
Сагата околу иднината на еден од најдобртие светски фудбалери во моментов трае веќе со години, откако тој безброј пати беше поврзуван со трансфер во „Кралскиот“ клуб.
Дали конечно тоа ќе се случи летово останува да видиме, но пристигнувањето на Мбапе во престолнината на Шпанија секако дека е голем чекор нанапред кон неговиот потенцијален трансфер во Реал.
Самиот Мбапе изјави дека нема намера да комнтира ништо до 25 април односно додека траат работните обврски за него сезонава во ПСЖ.