Младите одбојкарки на Наковски Волеј со голем пресврт стигнаа до титулата државни шампиони во младинска конкуренција. Во финалниот меч на завршниот турнир одржан во Битола, струмичкиот тим славеше со 3:2 против домаќинот на турнирот, Пелистер Волеј.
Битолчанки водеа со 2:1 и беа на чекор до испишување историја за својот клуб, но гостинските успеаја да ги добијат следните два сета и на крајот да го кренат шампионскиот пехар во своите раце.
Во битката за третото место, екипата на Јанта Волеј КВ славеше над Бами Кор од Тетово.
Во полуфиналето, Наковски Волеј беше подобар од Бами Кор, додека Пелистер го совлада тимот на Јанта Волеј КВ.