Манчестер Сити остана без тројца клучни дефанзивци до крајот на сезоната во Премиер лигата. На листата на повредени влегоа Рубен Диас, Џон Стоунс и Кајл Вокер, потврди тренерот Пеп Гвардиола .
Стоунс и Вокер се повредија во полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, додека Рубен Диас беше заменет поради проблем со мускул на полувремето од неделниот натпревар против Њукасл, кој Сити го доби со 5-0.
„Рубен, Кајл и Џон ќе бидат надвор од терените до крајот на сезоната“, изјави Гвардиола, кој не може да смета ниту на Нејтан Аке, кој страда од болки во скочниот зглоб.
До крајот на Премиер лигата Манчестер Сити треба да игра против Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила.