Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше минимално со 1:0 поразена од селекцијата на Хондурас во рамките на третото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по двете победи по подобро изведување на пенали против Таџикистан и Косово, беа поразени од Хондурас со гол постигнат во 75. минута од средбата. Нашата селекција имаше неколку добри шанси, но немаше среќа да постигне погодок.
МАКЕДОНИЈА: Славе Вргов, Анес Мелиќи, Никола Стојковски, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Дарио Јакимовски, Валентин Блажевски;
Резерви: Спаско Ахтаров, Филип Митев, Андреј Велков, Максимилијан Димитријевски, Алтин Алији, Фљакрон Мемиши, Даниел Коцев, Стефан Младеновски;