Барселона немаше премногу проблеми да дојде до триумф против Селта Виго вечерва во шпанската Ла Лига, но данокот на победата го плати со тешката повреда на Роналд Араухо, кој со брза помош беше префрлен во болница.
Каталонците поведоа со голот на депај во 30. Минута, по што во 41. Минута со голот на Обамејанг, домашните веќе имаа и предност од 2:0.
На стартот на вториот дел Обамејанг погоди и вторпат за 3:0, а конечните 3:1 ги постави Јаго Асас.
Роналд Араухо се здоби со повреда на главата и мораше да оди во болница, па остаува да се почекаат лекарските извештаи за неговата повреда.