Ерлинг Халанд е минато за „милионерите“, додека Карим Адејеми (20),репрезентативецот на Германија, е иднината на Борусија Дортмунд. Еден од гигантите во германскиот фудбал и официјално попладнево го промовираше сега веќе екс – играчот на Ред Бул Салцбург како свој нов член. Тој потпиша петгодишен договор, а интересно е тоа што во видеото се гледа како самиот Адејеми ја испишува пораката на официјалниот клупски Твитер дека е нов член на Дортмунд.
WADMIN 🤩 pic.twitter.com/WtXQQso7bC
— Borussia Dortmund (@BVB) May 10, 2022