ЛШ – квалификации 1.коло: Шкупи за потенцијални ривали ги има Малме, Карабах, Лудогорец, Шериф, Бодо/Глимт….

1593

Во недела на Чаир и официјално ќе се слави титулата на Шкупи во тековната сезона 2021/22. Во недела завршува првенството со големото дерби меѓу Шкупи и А. Пандев, шампионот и вицешампионот, во недела Шкупи од страна на претставник на ФФМ ќе го добие и пехарот.

Тоа значи дека чаирчани ова лето ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во Лигата на Шампионите. Со оглед на слабиот коефициент, при ждрепката во Нион на 14 јуни, нашиот првак ќе се најде во групата на неносители. Па така ќе добие и силен и атрактивен противник.

Можни ривали на чаирчани се екипите на Малме со нашиот Ердал Ракип, потоа Карабах, Лудогорец, Шериф Тираспол со Бобан Николов, се разбира ако Македонецот остане во првакот на Молдавија, потоа Бодо/Глимт, Ференцварош, Слован Братислава, Хелсинки, Њу Саинтс, Жалгирис, Линколн од Гибралтар, Шамрок Роверс…

Мечевите од 1.квалификациско коло се играат на 5/6 и 12/13 јули.

Да потсетиме, во случај на триумф на стартот, екипата на Шкупи ќе игра во следната фаза во ова натпреварување. Во случај на елиминација, тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноГотово е: Рудигер е нов “КРАЛ“, Реал доби екстра дефанзивец!
СледноКадетите на Струмица се нови државни шампиони