Шкендија на 100 километри од Тетово, постапка против тренерот на Осогово

3323

Органите при Фудбалската федерација на Македонија, предмалку одлучија тимот на Шкендија следните мечеви кои ќе треба да ги игра на домашен терен, да ги игра 100 километри надвор од Тетово.

Колку на број, ќе се знае до петок, кога одлука ќе донесе дисциплинската комисија која треба да заседава. А, со оглед на фактот што од тековниот ПМФЛ шампионат, преостанува уште само едно коло, каде што Шкендија гостува кај Струга, оваа казна се префрлува на следниот шампионат.

Од друга страна донесена е и одлука да се поведе дисциплинска постапка против тренерот на второлигашот Осогово, Александар Андов, поради инцидентите во рамките од последниот дуел од ВМФЛ Исток на домашен терен против Детонит.

 

ПретходноАстон Вила го откупува Кутињо за 21 милион
СледноБарса има три опции за замена за Бускетс