Барса победи, но го загуби Араухо (ВИДЕО)

1180

Барселона немаше премногу проблеми да дојде до триумф против Селта Виго вечерва во шпанската Ла Лига, но данокот на победата го плати со тешката повреда на Роналд Араухо, кој со брза помош беше префрлен во болница.

Каталонците поведоа со голот на депај во 30. Минута, по што во 41. Минута со голот на Обамејанг, домашните веќе имаа и предност од 2:0.

На стартот на вториот дел Обамејанг погоди и вторпат за 3:0, а конечните 3:1 ги постави Јаго Асас.

Роналд Араухо се здоби со повреда на главата и мораше да оди во болница, па остаува да се почекаат лекарските извештаи за неговата повреда.

ПретходноЛиверпул ќе купува 18-годишен бек од Абердин
СледноГо купија за 80 милиони, сега молат да го продадат за 10 милиони евра