Борусија за Халанд ќе добие помалку од очекувањата!

367

Манчестер Сити го донесе Ерлин Халанд, потврди Фабрицио Романо, најпопуларниот новинар кога станува збор за трансферите на познатите фудбалери во светот на овој спорт. Халанд веќе ги завршил лекарските прегледи, а Сити го известил бундес-лигашот дека ќе ја активира клаузулата во договорот.

Со месеци се спомнуваше дека висината на клаузулата изнесува 75 милиони евра, но Романо открива дека за неговата слобода Сити ќе плати измеѓу 60 и 75 милиони евра, шансите да искешира 60 милиони евра се поголеми.

Во текот на оваа недела се очекува и официјална потврда на трансферот.
ПретходноГодините се само бројка за мак-гол машина: Кирил Лазаров го слави 42. роденден
СледноПроблем за Милан: Чекаат на титулата 11 години, а нема каде да ја слават!