Васоски поднесе оставка на клупата на Сараево

1727

Александар Васоски поднесе оставка на функцијата тренер на ФК Сараево по денешниот дерби дуел со Железничар кој заврши нерешено 1:1. Нашиот стручњак реши да ја напушти клупата на Сараево и тоа и го соопштил и на управата на клубот.

Васоски истакна дека чувствува одговорност за лошите резултати на тимот и решил да си замине:

„Чувствувам одговорност и решив да поднесам оставка. Им благодарам на клубот и на навивачите за се“, изјави македонскиот стратег.

Васоски минатата зима пристигна на клупата на Сараево. Тој го предводеше тимот на 15 натпревари и има учинок од четири победи, три нерешени и четири порази.

ПретходноПортугалски тениски судија манипулирал со резултати за да добива на обложувалница
СледноДевет поени за Димитријевиќ и победа на Валенсија