Најдобриот македонски ракометар на сите времиња и селектор на националниот тим, Кирил Лазаров денеска полни 42 години.
Македонската гол-машина и оваа сезона покажа дека годините само бројка за него, македонската репрезентација ја водеше низ баражите за место на Светското првенство 2023 година, а во дресот на Нант има и тоа како клучна улога.
Францускиот тим на својата официјална страница му го честиташе роденденот на Лазаров, кратко и јасно пиша – Кралот Кирил.